fbpx

Новата BMW Серија 3 со официјална премиера во Македонија

Еден од најпопуларните баварски модели пред неполн месец пристигна во салонот на М Кар, а вчера и официјално беше претставен пред македонската јавност

Македонскиот импортер за програмата на баварскиот BMW, официјално ја претстави седмата генерација на популарниот спортски седан. Со попривлечен изглед од кога и да е, новата Серија 3 претставува одличен спој на динамички дизајн, агилност, ефикасност и иновативни технолошки достигнувања.

Новата Серија 3 повеќе од 40 години претставува олицетворение на концептот за спортско задоволство во глобалната премиум класа со средна големина, а потврда за ова се и оние 15 милиони примероци продадени ширум светот. Овој автомобил изобилува со спортска маестралност, одлично надополнета со сите бележија кои му доликуваат на еден типичен BMW модел. Спортскиот седан се карактеризира со нов дизајнерски јазик, подобрувања во однос на неговиот премиум амбиент, како и најновата технологија за помош при возење, поврзување и контрола.

BMW Серија 3

Надворешниот изглед е сега во уште поатрактивно издание, благодарение на новите интерпретации на традиционалните елементи. Тука се вбројуваат предните светлосни уреди и големите „бубрези“, кои стануваат доминантни делови во предницата на овој автомобил и допринесуваат кон поагресивен и поробусен изглед на новиот BMW. Измените се застапени и во дизајнот на задниот дел, кој ги истакнува спортските особини на овој модел со помош на долгите LED светла и интегрираниот дифузер со двоен издувен систем.

Ентериерот се карактеризира со новиот 10,25-инчен информативен екран, поставен во центарот на инструмент таблата, а тука е и квалитетот на материјалите кој е на највисоко ниво до сега. Од најважните технолошки системи, овој модел е опремен со head-Up дисплеј со 70% поголема површина на проектирање, изобилство на системи за помош на возачот; BMW Live Cockpit Professional со BMW оперативен систем 7,0, интелигентен личен асистент, дигитален клуч, BMW ласерски светла и друго.

На понудената листа се наоѓаат моделите 320i, 330i, 318d, 320d, 320dx и 330d, a кон средината на ова лето се очекува да пристигнат и M340i xDrive и 330e plug-in хибрид. Продажбата на новата BMW Серија 3 е веќе започната, а цената од 38.900 евра е почетна и се однесува за моделот 318d.

Поврзани вести

Back to top button