fbpx

Новата eVMP платформа на PSA ќе ја користи и FCA

PSA групацијата потврди дека по спојувањето со FCA и оваа групација ќе има пристап до употребата на eVMP платформата наменета за електричните модели

Новата платформа на PSA наменета исклучиво за електричните автомобили нареченa eVMP треба да претставува клучниот фактор во понатамошниот развој на електричните автомобили на групацијата. Оваа платформа е наменета пред се за возилата во C и D сегментот и овозможува голема модуларност.

Според информациите кои ги соопшти француската групација, платформата eVMP ќе биде во состојба да обезбеди доволно простор за батерии со капацитет до 100 kWh, па автомобилите кои ќе ја користат оваа архитектура ќе можат да поминат до 650 километри со едно полнење според WLTP стандардите. Оваа платформа ќе може да се користи и како база за одредени plug-in хибридни модели, а стратегијата на PSA е ваквите автомобили да се понудат на оние пазари каде што нема да има поголема побарувачка за целосно електричните возила.

Инаку, eVMP платформата настана од конвенционалната архитектура EMP2 со која дели голем број компоненти, па поради тоа нејзиниот развој е значително поевтин од вообичаеното. Челниците на PSA групацијата потврдија дека откако ќе дојде до фузионирањето со FCA, оваа архитектура ќе биде темел на развој и на моделите на италијанско-американската алијанса.

Се очекува првите модели на eVMP архитектурата да бидат електричните верзии на Peugeot 3008 и 5008, а по нив се очекува „наезда“ на електрични автомобили базирани на оваа платформа. По 2023 година eVMP ќе биде основа и за моделите на Fiat, Alfa Romeo, Jeep и останатите брендови кои се дел од FCA групацијата.

Поврзани вести

Back to top button