fbpx

Новата Škoda Octavia влезе во сериско производство

Во фабриката во Млада Болеслав започна сериското производство на четвртата генерација на најпродаваниот модел на Škoda

Новата Octavia дебитираше во Националната Галерија на свечена церемонија во главниот град на Чешка кон средината на Ноември, кога во јавноста беа претставени лимузинската и караван (Combi) верзијата.

Како што најавија во Škoda, во продажба најпрво ќе се појави Octavia караванот, за неколку недели подоцна да пристигне и лимузината. Според тоа, најпрво започна производството на Octavia Combi.

Чешкиот производител на автомобили наведува дека новата Octavia е поголема, побезбедна и подобро поврзана од било кога. На тој начин повторно се поставуваат нови граници во својот сегмент и е совршено опремена за да се продолжи успехот на своите претходници, а тоа е 400.000 продадени примероци годишно.

Инаку, за време на претходните три генерации беа произведени вкупно 6,5 милиони примероци од овој модел кој е се попопуларен во Европа и припаѓа меѓу најбараните автомобили во земји како Чешка, Австрија, Финска и Швајцарција.

Четвртата генерација на Octavia, или петта, ако се смета и оригиналниот модел кој се произведуваше во периодот од 1959 до 1971 година, стилски е модернизирана – како однадвор, така уште повеќе одвнатре, и опремена е со најсовремено системи за асистенција и безбедносни технологии, како и други содржини, како трозонска „клима“, со што овој автомобил се доближи до топ моделот на Škoda, Superb.

Во Škoda со гордост истакнуваат дека Octavia Combi во моментов е најпродаваниот караван на европскиот пазар, а како и неговиот претходник, така и овој има багажник со завидна големина од 640 литри. Ниту лимузинската верзија не заостанува многу под ова прашање со своите 600 литри.

Како што се наведува, планирано е секојдневно од фабриката да излегуваат 1.150 примероци од новата, четврта генерација на Octavia.

https://www.instagram.com/p/B5XqkB7nQhg/?utm_source=ig_web_options_share_sheet

Поврзани вести

Back to top button