Нови поскапувања на бензините, дизелот останува со иста цена
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата во нашата земја
Во согласност со својата методологија за утврдување на малопродажните цени, Регулаторната комисија донесе одлука за зголемување на цените на горивата во нашата земја во просек за 0,56 проценти во однос на цените кои важеа изминатата недела.
И покрај тоа што е делумно и минимално, трендот на поскапување сепак продолжува и понатаму, а новите цени стапуваат на сила од ноќеска на полноќ. Според најновата одлука на РКЕ, бензините поскапуваат за половина дена, додека дизелот останува со истата цена како и претходно.
Со други зборови, ова значи дека од ноќеска на полноќ за литар Еуросупер БС-95 ќе се плаќа 82,50 денар, Еуросупер БС-98 ќе се точи по цена од 84,50, а Еуродизелот останува на цената од 73,50 денари по литар наточено гориво.
Од РКЕ истакнуваат дека сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,5 проценти, а кај дизелот за речиси 0,1 процент.