Новиот Nissan LEAF со пет ѕвезди на Euro NCAP
Независната асоцијација Euro NCAP објави дека новата генерација на Nissan LEAF го повтори успехот на својот претходник од 2011 година - првото целосно електрично возило кое добило оценка од 5 ѕвезди за време на тестовите за безбедност
Успехот на новата генерација на Nissan LEAF има уште поимпресивни димензии, бидејќи е првиот автомобил кој е оценет согласно ревидираните построги Euro NCAP стандарди за 2018 година. За прв пат, за време на тестовите, биле земени предвид системите за препознавање мотори со автоматско сопирање. Друга новина е посериозната проценка на системите за препознавање на пешаци, земајќи ја предвид работата направена во темна и мешана светлина.