fbpx

Новиот Passat ќе биде поголем, а ќе го задржи и дизел моторот

Традиционалните седани ја загубија битката со кросоверите и SUV моделите, но Volkswagen веќе најави дека нема да се откаже од Passat во Европа

Новата итерација на Volkswagen Passat се очекува да пристигне за две години, а сега се појавуваат нови информации за таканаречената B9 генерација. Новиот Passat ќе ја користи MQB платформата на Volkswagen групацијата, но во едно попаметно пакување кое ќе отвори повеќе простор за патниците на задната клупа.

Според најавите, меѓуосовинското растојание би можело да биде продолжено на исто ниво како кај Škoda Superb, a би требало да биде унапреден и капацитетот на багажникот. Најважно од се е што, според шпекулациите, класичниот седан би заминал во историјата, а наместо тоа ќе Passat ќе биде лифтбек модел и ќе го задржи своето караванско издание.

Германскиот производител веќе потврди дека новата генерација на Passat, заедно со Golf, T-Roc, Tiguan и Tayron ќе бидат со поефикасни мотори, со оглед на тоа дека ќе добијат помодерна plug-in хибридна архитектура која ќе поддржува опсег на движење до 100 километри исклучиво на електрична енергија.

AutoExpress пренесува дека кога станува збор за Passat, Volkswagen ќе понуди две различни опции. Базичната електрифицирана варијанта би можела да има вкупна моќност од околу 205 КС, додека GTE верзијата би можела да пристигне со нешто над 245 КС.

Се очекува во понудата и понатаму да се најде 2,0-литарскиот турбо дизел, додека најскапите верзии ќе имаат погон на сите четири тркала. Засега не е познато дали ќе биде достапен класичен и „самостоен“ бензински мотор, или истиот ќе биде дел само од хибриднот погон. Целосно електричен Passat нема да има бидејќи таа улога е резервирана за продукциската верзија на моделот ID. Space Vizzion.

Volkswagen потврди дека новиот Passat пристигнува во 2023 година од погонот во Братислава, а не од фабриката во германски Емден каде се произведува актуелната генерација. Новиот Passat ќе се произведува заедно со Škoda Superb. Со укинувањето на седан изведбата, ривалството меѓу двата моели ќе биде помало.

 

Поврзани вести

Back to top button