Новите BMW M3 и M4 пристигнуваат веќе годинава со повеќе од 500 КС
Спортските модели BMW M3 и M4 на баварскиот автомобилски гигант ќе бидат претставени на јавноста во текот на оваа, а во продажба доаѓаат следната година
М одделот на BMW имаше одлична година зад себе, а оваа исто така ветува многу работи. Во изминатата 2019 година беа продадени 139.829 M Sport купеа и седани со високи перформанси како моделот M5, а со тоа е поставен нов рекорд на продажба. Со објавувањето на продажните резултати BMW најави дека оваа година ќе бидат претставени новите M3 и M4.
Двата модели ќе ја имаат новата решетка на ладилникот на BMW која беше забележана на концептните автомобили, а потоа и на фотографиите на предпродукциските примероци на M3 и M4. Едни шпекулации тврдат дека барем еден од нив ќе се напојува од 3,0-литарски 6-цилиндричен турбо бензинскимотор кој ќе развива повеќе од 500 КС, а други дека ќе биде ексклузивен за споменатите модели М3 и М4.
Новите модели веројатно ќе бидат достапни со заден погон и погон на сите четири тркала, како и со мануелен и автоматски менувач. М3 и М4 ќе бидат претставени оваа, а во продажба се очекуваат дури следната година.