fbpx

Ново поевтинување на бензините

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата во нашата земја, со што доаѓа до ново поевтинување на бензините

Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја доживуваат ново намалување, овојпат во просек од 0,39 проценти во однос на малопродажните цени цени на горивата кои беа утврдени минатата недела. Според ова, од вечерва на полноќ ќе имаме ново поевтинување на бензините.

Согласно методологијата за утврдување на цените, малопродажната цена на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 повторно се намалува за половина денар. Од друга страна, малопродажната цена на Еуродизел повторно останува непроменета како и минатата недела.

Така, од вечерва на полноќ литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 58,50 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60,50 денари по литар гориво. Цената на литар Еуродизел останува 50,50 денари.

Од Регулаторната комисија истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензините во просек за околу 2,374%, додека кај дизелот намалување во просек за околу 1,499%.

Поврзани вести

Back to top button