fbpx

Ново поскапување на горивата, дизелот отиде над 70 денари

Трендот на поскапување на горивата во нашата земја никако не стивнува, а денеска РКЕ ја донесе најновата одлука за малопродажните цени на нафтените деривати

Цените на горивата продолжуваат и понатаму да растат, а Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со својата методологија, ги утврди најновите малопродажни цени кои ќе важат во следните седум дена. Според најновата одлука на РКЕ, малопродажните цени на горивата од вечерва на полноќ ќе поскапат за 2,84 проценти во однос на минатата недела.

Ова значи дека од 25 јануари, па се до следниот понеделник, литар Еуросупер БС-95 ќе се точи за цена од 78,50 денари, Еуросупер БС-98 ја надмина границата од 80 денари, па така во следните седум дена ќе се продава по цена од 80,50 денари, а и дизелот оди над границата од 70 денари, односно ќе чини 71 денар за литар наточено гориво.

Од Регулаторна истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување на светските берзи и тоа кај бензинот за речиси 4,9 проценти, а кај дизелот за 4,8 проценти.

Поврзани вести

Back to top button