fbpx

Од ноќеска горивата повторно ќе поскапат

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука која се однесува на малопродажните цени на горивата во нашата земја

Во согласност со својата методологија за утврдување на малопродажните цени на горивата во земјава, Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти цените кои ќе започнат да важат од ноќеска на полноќ. По претходното намалување на цените, сега одново имаме поскапување и тоа во просек за 1,90 проценти во однос на одлуката која беше донесена на 11 април.

Според најновата одлука, цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за денар и половина, додека цената на Еуродизелот ќе скокне за 2,5 денари.

Со други зборови, ова значи дека од ноќеска на полноќ за литар Еуросупер БС-95 ќе плаќаме 81,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 83,50 денари, додека Еуродизелот ќе се продава по цена од 82,50 денари за литар наточено гориво.

Од Регулаторна истакнуваат дека референтните цени на горивата на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за речиси 1,9 проценти, а кај дизелот за речиси 3 проценти.

Поврзани вести

Back to top button