fbpx

Од РКЕ ништо ново, горивата повторно поскапуваат

Трендот на РКЕ за поскапување на малопродажните цени на горивата во нашата земја никако да стивне

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати во земјава, а истата не е никакво изненадување со оглед на трендот кој беше поставен во изминатите недели.

Во согласност со својата методологија за утврдување на цените, Регулаторната комисија донесе одлука за зголемување на цените на горивата во нашата земја. Разликата сепак не е толку голема, ако се гледа процентуално, бидејќи цените ќе бидат повисоки за 0,60 проценти во однос на минатата недела. Но, тоа не значи дека нема да има поскапување, туку напротив.

Според новите цени кои ќе стапат на сила од ноќеска на полноќ, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за еден денар, додека Еуродизелот поскапува за половина денар.

Со други зборови, ова значи дека од ноќеска на полноќ, па во следните седум дена, еден литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 82 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе чини 84 денари, додека за Еуродизел ќе мораме да плаќаме 74 денари по литар наточено гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 3,9 проценти, а кај дизелот за 2,7 проценти.

 

Поврзани вести

Back to top button