fbpx

Официјална премиера на новиот Nissan Note

Nissan ја претстави третата генерација на моделот Note кој од 2017 година веќе не се нуди во Европа, но е бестселер на матичниот пазар во Јапонија

Новата генерација на Nissan Note е подготвена да ја замени актуелната итерација која на пазарот е од 2012 година. Целосно новиот Note доби еволутивен дизајн, со поголема V-Motion решетка на предната страна опколена со нови фарови.

Профилот е комплетно редизајниран, се карактеризира со нови линии и понагласени сводови над тркалата. Покривната линија е позаоблена на задниот дел и завршува со дискретен спојлер. Тука се и хоризонтално поставените задни светла. Новата Opera Mauve боја на екстериерот се вклучува во 13-бојната палета, а новите тркала ги комплетираат унапредувањата на надворешноста.

Кокпитот е редизајниран и се одликува со трослоен контролен панел, со интегриран инфозабавен систем и дигитална инструмент табла. Новиот Nissan Note пристигнува и со нов управувач и контроли за HVAC системот и тенки отвори за вентилација, како и нова централна конзола на која поставени селекторот за брзини и електричната паркинг сопирачка, со бежичен полнач.

Новиот Note пристигнува и со широк опсег на опрема за асистенција на возачот. Тоа ја вклучува и 360-степената асистенција и ProPilot со Navi-Link, кој ја користи навигацијата за автоматско намалување на брзината при престојни свиоци на автопат и може да ја прилагоди брзината на возилото самостојно со детектирање на знаците за ограничување на брзината.

Nissan Note

Nissan открива дека сите верзии за новиот Note ќе пристигнат со e-Power електрифициран погон. Тоа значи дека тркалата се движат исклучиво од електромотор, а бензинскиот мотор се користи за полнење на батеријата.

Ова е втора генерација на e-Power системот, кој има целосно електричен мотор и инвертер. Електричниот мотор има 10 проценти поголем вртежен момент и 6 проценти зголемена моќност. Mоторот на внатрешно согорување, пак, е помоќен како и поефикасен, а погонот е подесен за помазно забрзување и поголема тишина во кабината.

Освен ова, ќе пристигне и целосно електрична варијанта со два електромотори, по еден на секоја осовина и погон на сите четири тркала, која ќе биде лансирана следниот месец.

Цените на матичниот пазар во Јапонија стартуваат од 2.029.500 јени или 19.510 долари за базичниот S модел. Средниот F модел ќе биде достапен за 19.753, а X верзијата ќе чини 21.022 долари.

Поврзани вести

Back to top button