fbpx

Официјална премиера на Renault Kiger

Renault ја проширува својата понуда на индискиот пазар со моделот Kiger, новиот субкомпактен кросовер, кој во својата втора фаза ќе биде пласиран интернационално

Renault Kiger ја доживеа својата официјална премиера. Новиот субкомпактен кросовер на француската компанија дебитира на индискиот пазар. Сепак, во втората фаза ќе биде пласиран и на останатите пазари во светот. Овој модел беше најавен неодамна со Kiger концептот, а производствената верзија е долга нешто помалку од четири метри, додека меѓуосовинското растојание изнесува 2.500 милиметри, со што моделот се позиционира меѓу Kwid и Triber на локалниот пазар.

Она што најмногу се истакнува кај Renault Kiger е дизајнот на екстериерот. Со својот атлетски изглед, дефиниран од мускулестите крила и хауба, тенките светла кои ја опколуваат типичната Renault решетка, задните светла во С-форма и нешто позаоблената линија на покривот се комплементирани од пластичната заштитна облога на долниот дел од каросеријата, 19-инчните тркала, Kiger е дефинитивно еден од најатрактивните мали кросовери на пазарот.

Изгледот и дизајнот на ентериерот е модерен, но не отскокнува премногу. Требад да се истакне дека голем дел се споделуваат со други модели на Renault и Dacia. Kiger пристигнува и со мултифункционален управувач, 8-инчен екран на допир од инфозабавниот систем и 7-инчен персонализирачки TFT дигитален инструмент кластер. Меѓу достапните додатоци се и поддршката за Apple CarPlay и Android Auto, Bluetooth, бежично полнење, автоматски клима-уред со PM2.5 Clean Air Filter, премиум аудио систем и бесконтактно влегување и стартување на возилото. Багажникот може да се пофали со капацитет од 405 литри, кој е најдобар во сегментот. Истиот може да се зголеми до 879 литри со преклопување на задната клупа.

Renault Kiger

Базиран на CMFA+ платформата на Renault, новиот Kiger ќе се пласира со избор меѓу два погони. Првиот 1,0-литарски агрегат испорачува 72 КС и 96 Nm максимален вртежен момент. Тој ќе достапен со петстепен автоматски или петстепен мануелен менувач. Турбо 1,0-литарската единица, која се наоѓа кај Clio и Captur во Европа, испорачува 100 КС и 160 Nm максимален вртежен момент и пристигнува со петстепен мануелен менувач. CVT трансмисијата ќе пристигне подоцна. Renault не објави информации за забрзувањето, перформансите и слично. Меѓутоа, моторите би требало да гарантираат доволна моќност со оглед на тоа дека субкомпактниот Kiger тежи само 1.012 килограми.

Поврзани вести

Back to top button