fbpx

Opel го претстави и Combo-e Life

Откако претходниот месец го претстави комерцијалното возило Combo-e, Opel сега официјално ја прикажа и патничката варијанта наречена Combo-e Life

Opel Combo-e Life е електричната патничка верзија на комерцијалното возило Combo-e кое беше претставено минатиот месец, а електричниот автомобил се очекува да пристигне во Европа оваа есен со што ќе им се приклучи на останатите електрифицирани Opel модели. Combo-e Life ќе биде достапно со две опции за меѓуосовинското растојание – нормално (Medium) и продолжено (XL), а и двете ќе нудат простор за пет до седум патници во континентална Европа, додека во Велика Британија Vauxhall ќе ја нуди XL верзијата која е 350 милиметри подолга (вкупна должина 4,75 метри) исклучиво со седум седишта.

Opel Combo-e Life

Батеријата со капацитет од 50 kWh е поставена во подот меѓу двете осовини и го напојува електромоторот кој испорачува 136 КС и 260 Nm вртежен момент. Новиот Opel Combo-e Life може да забрза од нула до „стотка“ за 11,2 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 130 километри на час.

За полнење на батеријата до 80 проценти потребни се само 30 минути при полнење на 100 kW брз полнач. Сите нивоа на опременост ќе пристигнат со стандарден еднофазен 7,4 kW полнач, додека трофазниот 11 kW полнач ќе биде достапен како опција. Опсегот на движење со полна батерија е 280 километри според WLTP циклусот.

Во конфигурацијата со пет седишта, Medium варијантата нуди 597 литри багажен простор, кој може да се зголеми до 2.126 литри кога ќе се поклопи вториот ред седишта. XL пристигнува со 850 литри и може да достигне до 2.693 литри со преклопување на задната клупа. Opel Combo-e Life има максимален влечен капацитет од 750 килограми.

Opel Combo-e Life

Сите верзии се нудат со стандарден 8-инчен екран на допир од инфозабавниот систем, навигација, Apple CarPlay и Android Auto, како и опционален панорамски покрив. Цел опсег на безбедносна опрема исто така е присутна, заедно со електронската контрола на влечење со Normal, Snow, Mud и Sand возачки режими.

Поврзани вести

Back to top button