fbpx

Opel Manta е во подготовка, Insignia и Crossland стануваат електрични

Opel станува целосно електричен бренд за рекордно време, откако компанијата потврди дека ќе стане ЕВ бренд во Европа до 2028

Минатата година Opel го трансформираше еден од своите легендарни модели од минатото во електричен автомобил со ретро изглед. Повратните информации од фановите и клиентите беше фантастичен, па германскиот производител одлучи да ја „воскресне“ Manta како продукциски модел до средината на оваа деценија. Оваа информација е потврдена и во официјалното прес-соопштение од Opel, кој исто така најави дека следната генерација на Insignia и Crossland ќе бидат електрични.

Opel Manta

Планот на Opel е да стане целосно електричен ќе биде забрзан, бидејќи компанијата одлучи дека ќе стане целосно електричен бренд во Европа до 2028 година. Пред да се случи тоа, Opel ќе понуди електрифицирана верзија од секој свој модел до 2024. Германската марка веќе има одлична основа за тоа благодарение на возилата како plug-in верзијата на Astra, Corsa-e, Mokka-e, Rocks-e и цел асортиман на електрични комбиња.

Нивната ЕВ постава ќе се прошири во иднина, откако компанијата потврди дека наследниците на Crossland и Insignia ќе бидат електрични. Тие ќе се приклучат на новата интерпретација на Manta кон средината на оваа деценија.

Opel Manta

Почнувајќи со Manta, во моментов не се познати голем број информации, но производителот вели дека новата интерпретација на спортскиот автомобил од минатото ќе добие електричен погон и ќе биде „разновиден автомобил каков што фановите посакуваат. Ова е се што Opel имаше да сподели во моментов.

Поинаква форма во однос на претходно

„Новата Opel Manta повторно ќе биде високо емоционален автомобил. Со електрична моќност која ќе осигура врвно забрзување. Нашата Manta уште еднаш ќе претставува синоним за чисто возачко задоволство. Ќе направиме фасцинантна просторна нова интерпретација“, изјави Уве Хохгешурц, извршниот директор на Opel.

Opel Manta

Според информациите од минатата година, „препородената“ Opel Manta ќе пристигне во 2025 и ќе има форма на високо поставен автомобил со четири врати и купе форма. Моделот ќе биде олицетворение на ЕВ стратегијата на Opel и ќе биде базиран на STLA Medium платформата на Stellantis.

Покрај ова, Opel во своето прес-соопштение кратко потврди дека следната генерација на Crossland и Insignia ќе бидат електрични возила. Според шпекулациите, Insignia ќе се претвори во голем електричен SUV.

Opel не откри повеќе детали за своите престојни електрични автомобили, но сепак истакна дека ќе понудат најдобри во класата брзополначки способности од 32 километри по минута, а опсегот на движење ќе биде помеѓу 500 и 800 километри.

Поврзани вести

Back to top button