Opel најави електрификација на 8 модели до 2021 година
Компанијата со својата голема офанзива за електрификација планира електрификација на целото портфолио до 2024 година
Opel до 2021 година ќе понуди вкупно осум електрифицирани возила во важните продажни сегменти. Според најавите од компанијата следната година треба да очекуваме електрична верзија на Vivaro и електрична верзија на наследникот на Мока X. Веќе во 2021 година ќе бидат достапни и електричните варијанти на Combo, Combo Life и Zafira Life.
„Ова портфолио на производи ќе нè стави во одлична позиција да ги исполниме амбициозните идни цели на емисија во Европа“, рече Лохшелер, Извршниот директор на Opel. „Електро-мобилноста“ е неопходна компонента во ова. Но, нашите ултра модерни и ефикасни мотори на внатрешно согорување и истражувањето за горивни ќелии во Центарот со седиште во Риселхајм, исто така, ќе дадат важен придонес за да ја направиме нашата компанија одржлива за во иднината. “