fbpx

Патничките комбиња на Stellantis без конвенционални мотори

Патничките верзии на LCV моделите од групацијата Stellantis ги отфрлаат конвенционалните мотори од својата постава во Европа

Брендовите Opel, Citroen и Peugeot кои се дел од групацијата Stellantis, ќе ги отфрлат традиционалните бензински и дизел мотори на европскиот пазар во своите патнички комбиња во 2022 година. Ова значи дека сите патнички LCV модели од овие компании ќе станат целосно електрични.

Патничките комбиња кои се засегнати од оваа одлука, која ја пренесува Autonews Europe, ги вклучува моделите на Citroen како што се Berlingo, Jumpy и Space Tourer, потоа Peugeot Rifter, Expert и Traveller, односно Opel Combo, Zafira и Vivaro. Она што ја олеснува работата за групацијата Stellantis во овој случај е тоа што сите овие модели се веќе достапни во целосно електрична верзија.

Сепак, ова правило за користење на исклучиво електрични варијанти на конкретните модели нема да важат за комерцијалните верзии на моделите кои и понатаму ќе се нудат со мотори на внатрешно согорување, заедно со целосно електричните варијанти. Исто така, пазарите надвор од Европската унија, каде е вклучена и Македонија, и понатаму ќе ги добиваат бензинските и дизел погони во патничките верзии.

Citroen, Peugeot и Opel објавија посебни соопштенија објаснувајќи дека одлуката е донесена со цел да се обезбеди одржливоста на овие моделски линии во иднина. Истовремено, тоа е чекор во вистинска насока бидејќи секоја компанија прави транзиција кон целосно електричен опсег во Европа.

Кога станува збор за електричните погони, компактните патнички комбиња имаат 50 kWh батерија, додека поголемите комбиња добиваат опционална 75 kWh батерија. Без оглед на големината, сите електрични возила на Stellantis се опремени со единечен електромотор поставен на предната оска кој испорачува 136 КС и 260 Nm.

Патничките верзии на LCV моделите станаа нова норма во последните години по постепеното укинување на MPV моделите поради популарноста на SUV и кросоверите.

 

Поврзани вести

Back to top button