fbpx

Petersen музејот со специјална изложба во чест на Pininfarina

Музејот Petersen Automotive подготвува специјална изложба во чест на различноста на славниот дизајнер на каросерии, компанијата Pininfarina

Aesthetic of Motoring: 90 Years of Pininfarina е најновата изложба во прославениот автомобилски музеј Petersen, која е направена во чест на различноста и сестраноста на дизајните кои славната италијанска дизајнерска куќа ги има направено во текот на својата историја, а во фокусот ќе бидат четири главни точки, претставени преку некои од најславните модели како Cadillac Model452A Boattail Roadster од 1931 година, Cisitalia 202 Coupe од 1947, Dino Berlinetta 206 GT Prototype од 1966 и Automobili Pininfarina Battista дизајнерскиот модел од 2019 година.

Значењето и еволуцијата на италијанската автомобилска дизајнерска куќа и производител на каросерии ќе биде одбележана од страна на Petersen, при што ќе се прикажат најславните моменти од 90-годишната историја на Pininfarina. Така, посебен фокус ќе се стави на гореспоменатите автомобили, а секој има своја причина за такво нешто.

Cadillac Boattail Roadster е првата каросерија на италијанската компанија која е поставена на неиталијанска шасија. Cisitalia 202 Coupe се смета за еден од најубавите и најатрактивни автомобили некогаш направени, Dino Berlinetta GT Prototype е првиот Ferrari со централно поставен мотор, а на крајот секако е и Pininfarina Battista, кој е раниот дизајнерски модел на луксузниот хиперавтомобил.

Pininfarina

„Со оваа посветеност на елегантниот, аеродинамичен дизајн и мало производство, Pininfarina ги создаде некои од најиновативните и најпрославени автомобилски дизајни во историјата на автомобилите. Новата изложба ќе им овозможи на посетителите одблиску да погледнат во дизајнерската историја на компанијата, притоа давајќи омаж на нивните иновации преку овие ретко видени возила“, изјави директорот на Petersen музејот Тери Карџес.

„Голема чест ни е што престижен музеј како Petersen е посветен да направи изложба за нашиот јубилеј. Моделите кои ќе бидат прикажани совршено го покажуваат нашиот идентитет, естетско чувство способно за создавање на безвременска убавина, опсесија со квалитет, сила на традицијата која комбинира индустрија, технологија и стилско истражување“, изјави Паоло Пининфарина, првиот човек на Pininfarina Group.

Pininfarina

Поврзани вести

Back to top button