fbpx

Peugeot 208 и 2008 добитници на престижната награда Red Dot

Новиот Peugeot 208 и новиот SUV 2008 на францускиот производител се добитници на престижната награда Red Dot за продукциски дизајн за 2020 година

Двата модели го импресионираа меѓународното жири со својот спортски надворешен дизајн и исклучителната изработка, а ова е шеста ваква награда за Peugeot досега, а адутите на францускиот производител успеаја да ја однесат победата во конкуренција на 6.500 производи.

„Горди сме што го добиваме ова престижнo Red Dot признание за нашиот дизајн во категоријата за продукциски дизајн за два од нашите нови модели. Ова е доказ дека Peugeot е на вистинскиот пат кога станува збор за нашата дизајнерска ДНК“, изјави Хеико ван дер Лујт, директорот на Peugeot Германија.

Peugeot 208 го воодушеви жирито со своите вертикални предни LED светла во форма на лавовски заби, задните стоп LED светла во форма на лавовски канџи, големиот број на фини детали кај надворешниот и внатрешниот дизајн, револуционерниот 3D i-Cockpit и високото ниво на препознатливост, а новите модели поседуваат чисти и спортски линии. Дигиталниот 3D инструментален кластер инаку пристигнува како стандардна опрема од нивото на Allure опременост кај моделите на Peugeot, со што се комплетира 3D i-Cockpit на Peugeot, кој исто така пристигнува и со спортски, зарамнет мултифункционален управувач и 10-инчен екран на допир за инфозабавниот систем.

Peugeot

Peugeot 2008

Кога станува збор за Peugeot 2008, покрај вертикалните LED предни дневни светла, кои го дефинираат новиот дизајнерски јазик, а на автомобилот му даваат агресивен лик, жирито беше воодушевено и од високото ниво на препознатливост на брендот. „Повеќеслојниот“ профил на новиот SUV се карактеризира со триаголни линии, кои гарантираат живописност на дизајнот од почеток до крај. Задниот дел на 2008 се карактеризира со хоризонтална сјајно црна лента која ги интегрира LED задните светла во облик на три канџи. Новиот SUV на Peugeot се одликува и со други дизајнерски детали кои отскокнуваат, како што е и амбиенталното LED осветлување и користењето на премиум материјали во внатрешноста.

Peugeot

Кога станува збор за Red Dot, треба да се напомене дека оваа награда постои повеќе од 60 години и се доделува во три различни категории – продукциски дизајн, комуникациски дизајн и дизајнерски концепт. Еднаш годишно, продуктите кои се пријавуваат се оценуваат од страна на меѓународно жири кое се состои од докажани експерти од различни специјалистички сфери.

Поврзани вести

Back to top button