fbpx

Peugeot 3008 слави јубилеј – еден милион произведени единици

Фабриката на францускиот производител Peugeot во Сошо го произведе јубилејниот, милионити Peugeot 3008 модел

Еден од најпродаваните модели на францускиот бренд, Peugeot 3008, пет години откако го доживеа лансирањето на пазарот веќе слави голем јубиле, а тоа е еден милион произведени единици. По овој повод, вработените во фабриката во Сошо на интересен начин го прославија лансирањето на ова јубилејното возило – Peugeot 3008 Hybrid.

Peugeot 3008 се произведува во Европа и Кина, а веќе започна со освојување на експертите уште пред да се појави на пазарите, бидејќи има добиено седумдесет и шест награди ширум светот, вклучувајќи ја и престижната награда „Автомобил на годината“ во 2017 година.

На матичниот пазар во Франција, Peugeot 3008 е лидер во својот сегмент уште од првиот месец по појавувањето на пазарот. Во Европа, тој е на второто место во сегментот SUV во 2021 година. Исто така, зазеде силна позиција во Јужна Европа, каде што е број еден во Португалија и број два во Италија и Шпанија.

Европа сочинува 65% од продажбата на Peugeot 3008. Неговите главни пазари надвор од Европа се Турција, Израел, Јапонија и Египет. Повеќе од 80% од продажбата на Peugeot 3008 се верзии со автоматски менувач, а речиси 38% се од повисоките сегменти, што совршено го илустрира позиционирањето на брендот Peugeot на пазарот.

3008 ја нуди најновата генерација на системи за помош при возење, како и i-Cockpit со нов висококвалитетен дисплеј и нов 10-инчен екран на допир со висока резолуција. Возилото е совршено олицетворение на „моќта на избор“, нудејќи хибридни мотори на полнење, погон на две или четири тркала и мотори со внатрешно согорување, комбинирајќи ги уживањето во возењето и ефикасноста.

Рeugeot 3008 ги освои клиентите благодарение на своите динамични квалитети и препознатливиот, современ надворешен изглед. Внатрешноста, со својот i-Cockpit®, нуди технолошка, топла и пријатна атмосфера, многу поинаква средина во која клиентите се чувствуваат удобно и едно од најдобрите нивоа на целокупно задоволство во Европа.

Поврзани вести

Back to top button