fbpx

Peugeot планира гама на перформансни е-автомобили

Француската компанија Peugeot е решена во својата понуда да додаде и перформансни варијанти на батериските автомобили, со што GTi ќе биде заменето со PSE

Peugeot се уште не знае што ќе биде со ознаката GTi. Сигурно е дека истата ќе опстане уште некое време, но прашање е колку долго, бидејќи француската компанија подготви нов суфикс за хибридните автомобили со високи перформанси, а тоа е PSE.

Првиот автомобил кој би требало да ја понесе додавката PSE е моделот Peugeot 508 PSE чие официјално деби се очекува во февруари следната година. Овој модел веќе беше претставен како концепт минатата година на Салонот за автомобили во Женева. Тогаш автомобилот ветуваше фантастични перформанси, но колку сето тоа ќе биде преточено во сериска варијанта останува да се види.

Според информациите, Peugeot ќе направи ограничена серија на моделот 508 PSE, како и дека ќе бидат произведени само 1.000 примероци од овој автомобил. Втор по ред модел во понудата со PSE значка би требало да биде SUV моделот 3008. Тука се уште не е познато каков ќе биде расплетот, бидејќи поради пандемијата на коронавирусот се променија плановите, а допрва треба да видиме дали се променети плановите во врска со пласманот на Peugeot 3008 PSE.

Француските медиуми пишуваат дека Peugeot се подготвува да понуди и PSE издание на електричниот 208. Тука особено е потребно да се обрне внимание на управувањето со батеријата. Peugeot повеќе пати досега повтори дека нема простор за батерија поголема од 50 kWh, а со оглед на тоа дека перформансните верзии имаат тенденција истата брзо да ја испразнат, останува проблемот со ограничување на трошење на енергијата.

Како и е да е, очигледно е дека GTi полека, но сигурно, го отстапува своето место на PSE и една нова ера на електрифицирани автомобили

Поврзани вести

Back to top button