Peugeot Sport со успех ја заокружи сезоната
Peugeot Sport Customer Racing стави крај на сезоната на тркачките патеки со две места на подиумот на последната рунда при TCR Europe во Jarama
Последниот викенд за Peugeot Sport Customer Racing беше целосно во согласност со 2020 година каде и покрај веќе познатите последици од здравствената криза, натпреварувачите на Peugeot Sport продолжија да ги демонстрираат своите квалитети на трките во името на брендот, притоа остварувајќи неколку одлични перформанси и резултати.
И покрај одложениот почеток на сезоната, Peugeot Sport успеа да одговори на предизвикот и да се прилагоди на промената на околностите, овозможувајќи им на своите натпреварувачи од Rencontres Peugeot Sport да се вратат на патеката што е можно побрзо и безбедно. Rencontres Peugeot Sport се состоеше од преку сто автомобили кои учествуваа на трките во Дижон, кога серијата продолжи повторно во второто коло на Val de Vienne.
Иако сезоната беше скратена, со откажани две средби во Ногаро и Мањи-Курс, сепак видовме одлична акција на теренот, што целосно го оправда доделувањето титули и награди. По завршувањето како вицешампион во 2019 година, Флоријан Бриже (JSB Compétition) ја заврши годината како севкупен победник на 208 Racing Cup, додека Вини Белтрамели (Ropars тркачкиот тим) преку четирите пласмани на подиумот што ги постигна минатата сезона успеа да се најде на врвот меѓу јуниорите. Тиери Блез (New Team Compétition) се истакна во категоријата Gentlemen Drivers.
Во меѓувреме, AP Compétition (#123) со GPA го освои 208 Relais во генералниот пласман, Bresse Auto Racing (#239) ја освои категоријата Gentlemen Drivers. И на крај, Трофејот Peugeot Edurance го освои Bresse Auto Racing (#839) во делот 208 Racing Cup и Тимот Peugeot Poissy (#847) во класата 206 S16a.
Голем успех во TCR Europe
Од друга страна, на европската сцена, Peugeot 308 TCR ја покажа својата конкурентност и разноликост. Почнувајќи од мошне конкурентниот TCR Europe, каде што во неколку наврати JSB Compétition и Team Clairet Sport беа и повеќе од конкурентни со европските автомобили трки. Вкупно пет места на подиумот им припаднаа на Jулиен Брише (една победа на трката, едно второ место и едно трето место) и Теди Клер (едно второ место и едно трето место), додека Стефан Вентаја го освои трофејот Yokohama во класата „Diamond“ доделена во Gentlemen Drivers. Во меѓувреме, Мајкл Маркусен исто така блескаше во Peugeot 308 TCR на натпреварот TCR Данска освојуваќи три места на подиумот и завршувајќи на шестата позиција во генералниот пласман.
Перформансите на Peugeot 308 TCR го привлекоа вниманието наоколу, каде со данскиот тим Brian Madsen Sport веќе потврди дека не помалку од пет автомобили ќе учествуваат на националниот TCR шампионат во 2021 година. Австралискиот тим Garry Rogers Motorsport подеднакво одлучи да го потврди учеството на локалното првенство во ТСR, одржувајќи ги трите автомобили во добра состојба за 2021 година.