fbpx

Pininfarina Battista добива уникатен аудио систем

Целосно електричниот Pininfarina Battista ќе пристигне до купувачите кон почетокот на 2021 година и тоа со новиот аудио систем кој го најави компанијата

За да се осигураат дека идните сопственици ќе слушаат квалитетна музика додека се возат со нивниот хиперавтомобил од речиси 2.000 КС, Pininfarina започна соработка со Naim Audio. Заедно, двете компании развија уникатен аудио систем за Battista кој испорачува 1.300 вати моќност.

Аудио системот содржи 10 звучници распоредени низ кабината и вклучува Dual Voice Coil суб-вуфер меѓу возачкото и совозачкото место, како и звучници за ултра високи фреквенции поставени зад седиштата и во панелите на вратите на Battista.

Naim Audio велат дека ја искористиле експертизата од нивните колеги од групацијата VerVent Audio, компанијата Focal, со цел да се усовршат звучниците за во кабината на Battista. Тјунирањето е оптимизирано и за возачот и за совозачот, а симетричниот изглед на звучниците ветува да создаде ефект како во аудиториумско студио.

„Навистина сум среќен што нашиот прв аудио систем за електричен хиперавтомобил е направен специјално за неверојатната Battista од Automobili Pininfarina. Во ерата на електрични возила, аудио системите стануваат поважни од било кога“, изјави Чарли Хендерсон, директорот на Naim Audio.

Battista

„При пониски брзини, природата на Battista ќе биде ведра и мирна, па во ова сценарио, квалитетот на звукот ќе биде клучен. Ова го гледаме како одлична шанса да креираме целосно ново звучно искуство кое е револуционерно како и самата Battista. Користејќи ги најдобрите компоненти од автомобилските аудио звучници, заедно со нашата експертиза во аудио тјунингот, Bаttista ќе понуди исклучително звучно искуство“, додаде шефот на Naim Audio.

Инаку, Pininfarina Battista се очекува да пристигне кон почетокот на 2021 година, а автомобилот ќе биде ограничен на 150 примероци, секој со цена од 2 до 2,5 милиони долари.

Поврзани вести

Back to top button