fbpx

По поевтинувањето, РКЕ сега ги поскапува горивата

Откако минатата недела ги поевтинија горивата за 3,5 денари, Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за малопродажните цени

Во согласност со својата методологија за утврдување на малопродажните цени на нафтените деривати, Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука која ќе важи од ноќеска на полноќ. Имено, РКЕ одлучи да ги поскапи цените на горивата во просек за 3,02 проценти во однос на одлуката која ја донесе минатата недела.

Со други зборови, ова значи дека цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2 денари, додека Еуродизелот поскапува за денар и половина.

Ова значи дека од ноќеска на полноќ, се до следната недела, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 73 денари за литар гориво, Еуросупер БС-98 ќе чини 75 денари, додека Еуродизел ќе се точи по цена од 64,50 денари по литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување и тоа кај бензинот во просек за 5,8 проценти, а кај дизелот за околу 4 проценти.

Поврзани вести

Back to top button