fbpx

По Renault, и Nissan се повлекува од Daimler

Јапонската компанија Nissan ги следи стапките на својот партнер од Алијансата, Renault, и ќе се повлече од германскиот производител Daimler

Nissan наводно ќе ги продаде своите 1,5 проценти удел кои ги има во Daimler, пренесува Automotive News. Ова следува по сличниот чекор кој го презеде Renault, партнерот на јапонската марка во Алијансата, кој ги продаде своите акции во германската компанија во март.

За потсетување, Nissan и Renault разменија акции со Daimler пред десет години со цел да го зацврстат своето индустриско партнерство, со што се родија неколку ребрендирани возила во рамките на поставите на производителите, особено во сегментот на комерцијални возила и пред се Mercedes X Класа, кој е базиран на Nissan Navara.

Nissan Daimler

Според информациите, одлуката за продажба на акциите нема да влијае на соработката меѓу двете компании. Важно е да се напомене дека луѓето блиски до случувањата велат дека постоеле поголеми иницијални планови кои не успеале, па меѓусебната сопственост на акции повеќе не е потребна.

Акциите на Nissan се очекува да бидат продадени по цена од 69,85 евра по акција, според изворите. Со оваа сума, се очекува Nissan да заработи нешто помалку од 1,2 милијарди евра од оваа продажба. Од друга страна Renault ги продаде акциите по цена од 72,81 евро по акција.

Што понатаму ќе донесе соработката меѓу Daimler и Алијансата останува да се види. Во меѓувреме, Mercedes X Класа престана да се произведува во 2020 година, со што се заврши двегодишната продажба на луксузниот пикап камионет. X Класата се произведуваше во фабриката на Nissan во Барселона.

Поврзани вести

Back to top button