Porsche 911 GT3 RS под 7 минути на Нирбургринг
Porsche покажа како обновениот 911 GT3 RS, најмоќниот модел на брендот со атмосферски мотор, постигна нов најдобар резултат на Северниот лак на Нинбургринг
Автомобилот мина 20,6 километри на патеката и во даден круг беше за 24 секунди побрз од својот претходник – 6 минути и 56,4 секунди.
Зад воланот на ѕверката 911 GT3 RS беа тест пилот, Ларс Керн и професионалниот возач, Кевин Естер. Двата експерти направија вкупно четири круга на патеката, од кои секој успеа да стигне под 7 минути. Најдоброто време беше забележано од Естер, кој рече дека во свиоците, како и при сопирањето и забрзувањето, автомобилот се однесува како тркачката GT3 R изведба.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=65jW-FVAd2o
Најдобро време беше забележано со Michelin Pilot Sport Cup 2 R гумите, кои сеуште не се достапни за 911 GT3 RS, бидејќи не се сертифицирани во согласност со барањата на ЕУ и САД. Сепак, ова ќе се промени многу наскоро, а гумите ќе бидат понудени за најекстремните 911 – GT2 RS. Инаки вреди да се истакне дека суперспортистот е опремен со 4.0-литарски боксер мотор со капацитет од 520 КС и роботски менувач со две спојки. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,2 секунди, а максималната брзина е 312 km/h.
Во моментов рекордер на Nurburgring е Porsche 911 GT2 RS, so 700 КС, кој минатата година го мина Северниот лак за 6 минути и 47,3 секунди.