fbpx

Porsche Cayenne нема да добие V8

Новата генерација на популарниот SUV модел на Porsche, изведбата Cayenne сигурно нема да добие V8 дизелски мотор, потенцира Фридман Хелер, кој е одговорен за погонот на SUV палетата на германската марка

CayenneТој апострофира дека наскоро моделот може ќе добие дизелски V6. Секако, со оглед на претстојното обновување на Macan и помалиот модел, исто така може да ја збогати гамата со дизел мотори со ова остварување.

Хелер беше категоричен дека ако дизел верзија на Cayenne биде одобрена од шефовите на компанијата, која веќе се насочи на патот на електрификација и на бензинските хибрид изданија, тоа во никој случај не би требало да не очекуваме повеќе спортски карактеристики од дизелскиот V6.

Топ верзијата на Cayenne најверојатно ќе е Turbo S E-Hybrid, каде ќе се користи технологијата која се вградува во верзијата на Panamera со истата ознака.

Овој автомобил сигурно ќе се појави, со оглед дека пред една година шефот на Porsche, Оливер Блум, објасни дека во плановите на брендот влегува верзија на Cayenne со моќност од 671 коњска сила.

Cayenne

Поврзани вести

Back to top button