Porsche го претстави моќниот и уште посилен Macan GTS
Во гамата на Porsche Macan за 2020 година се наоѓа и засилената и унапредена GTS верзија, која го пополнува просторот меѓу моделите Macan S и Macan Turbo
Помалиот SUV на Porsche, Macan GTS го движи 2,9-литарски V6 мотор на кого му асистираат два турбополначи, а возачот во овој случај може да смета на 380 КС и 520 Nm најголем вртежен момент веќе од 1.750 вртежи во минута. Тоа е за 20 КС и 20 Nm повеќе од неговиот претходник.
За преносот на силата на двете осовини е задолжен супербрзиот 7-степен автоматски менувач со две спојки (PDK – Porsche Doppelkupplungsgetriebe), а возачки ориентираниот Macan во комбинација со Sport Chrono пакетот до „стотка“ стигнува за 4,7 секунди и развива нешто повеќе од 260 километри на час.
Со пакетот GTS купувачите во стандардната опрема можат да сметаат на уникатните GTS детали за екстериерот и ентериерот, односно адаптивен воздушен систем на потпирање и Porsche Active Suspensio Management (PASM), 20-инчни алуминиумски тркала RS Spyder на кои се наоѓаат гуми со димензии 265/45 (напред) и 295/40 (позади) и спортски издувен систем, систем за кочење со дискови од 360 mm напред и 330 mm позади. Карбонско-керамичките кочници остануваат на листата за опциона опрема.
Црните каросериски детали, спортските седишта, спортските седишта, GTS логото на потпирачот за глава, затемнетите фарови и високо профилираната внатрешност со комбинација на кожа и Алкантара се основните елементи што го издвојуваат Macan GTS од остатокот од конкуренцијата.
Porsche Macan GTS 2020 веќе може да се нарача, а неговата цена во Германија изнесува 77.800 евра.