Porsche продал повеќе SUV отколку спортски автомобили
SUV моделите дефинитивно му се исплатеа на германскиот гигант Porsche, со оглед на нивната голема голема популарност, која спортските автомобили ги „фрли“ во втор план
Во годината која е зад нас, германскиот производител во САД продал двојно повеќе SUV возила отколку спортски автомобили, иако многумина своевремено го критикуваа влегувањето на Porsche во пазарот со SUV возила. Но, од година во година се потврдува дека оваа одлука била полн погодок. Така беше и изминатата година, во која производителот од Штутгарт на американскиот пазар продал 19.001 примерот на SUV моделот Cayenne, што е раст од речиси 100 проценти во однос на 2018. година.
И вториот SUV модел, Macan, остварил добар продажен резултат со 22.667 единици, вистина со благ пад на продажбата на годишно ниво.
Вкупната продажба на SUV возилата на Porsche во 2019. година на американскиот пазар изнесуваше 41.688 примероци, што е повеќе од двојно во однос на бројот на испорачани спортски автомобили (19.900), вклучувајќи ја тука и спортската лимузина Panamera.
Инаку, Porsche во САД во 2019. година испорачал 61.568 возила, со раст од 7,6% на годишно ниво.
Во 2020. година, Porsche својата понуда на американскиот пазар ќе ја збогати со електричниот модел Taycan (првите 130 возила се веќе пристигнати во САД), па ќе биде интересно да се види како појавата на овој автомобил ќе се одрази на вкупната продажба до крајот на 2020. година.