fbpx

Продукцискиот McLaren Speedtail го покажа необичниот изглед

Најбрзиот McLaren во историјата е на пат да пристигне до заинтересираните купувачи, откако беше забележана неговата продукциска верзија

Често автомобилските фанатици знаат да приметат дека моделите на McLaren премногу личат едни на други, но во случајот со Speedtail тоа не може да се забележи. Еден од првите примероци кои треба да бидат испорачани до купувачите, пристигна во Белгија, поточно во продажниот салон во Брисел. Мора да се забележи дека во „живо“ изгледа навистина импресивно, со органски форми, необични предни тркала со аеродинамички покривачи, кои остануваат фиксирани додека тркалата се вртат.

Додека кај моделот Senna важи филозофијата „функцијата ја следи формата“, со фокус пред се на тркачките патеки, Speedtail е креиран со висока брзина на патиштата. Со своите 403 километри на час максимална брзина, ова е најбрзиот сериски автомобил кој е произведен од страна на британскиот бренд и достоен наследник на легендата F1.

McLaren Speedtail

Сигурно е дека на улиците нема да има многу примероци на Speedtail, бидејќи производството е стриктно ограничено на само 106 единици, исто така во склад со иконата F1. Сите примероци на овој модел со каросерија од карбонски влакна се одамна продадени, по цена од 1,75 милиони фунти по примерок, пред пресметаните такси и опционални додавки. Испораката до купувачите на, како што во McLaren велат, нивниот прв Hyper GT ќе започне наскоро.

Фотографиите кои се најдоа на интернет не можат да го доловат импресивниот „отпечаток“ на Speedtail. Автомобилот е долг 5,2 метри, со перфектно рамен под, со цел да се максимизира протокот на воздух, во соработка со продолжениот заден дел за подобра аеродинамика. Всушност, аеродинамиката е подобра отколку кај било кој претходно модел на McLaren. Автомобилот може да се спушти за 35 милиметри доколку се вози во Velocity режимот, кога во целост се активираат перформансите на оваа „ѕверка“. Во оваа поставка, висината на возилото изнесува само 1.120 милиметри.

McLaren Speedtail

Speedtail е еден од многуте нови членови на се поголемото McLaren семејство. Неодамна во друштвото беше додаден 765 LT, како „поостра“ верзија на и онака „бесниот“ 720S. Овие модели се дел од Track 25 бизнис планот на компанијата обелоденет пред неколку години на Фестивалот на брзина во Гудвуд, кога беше најавена инвестиција од 1,2 милијарди фунти во лансирање на 18 нови автомобили или деривати до крајот на 2025 година.

Поврзани вести

Back to top button