Промената на стратегијата ќе го направи GAZ лидер во LCV сегментот
Компанијата GAZ е основана во 1932 година во Нижни Новгород, а во последните години стана еден од водечките производители на лесни комерцијални возила во Европа
И покрај долгогодишната, 89-годишна историја, своите најголеми успеси GAZ почнува да ги бележи од 2009 година кога Бо Андерсон застанува на чело на компанијата. Под негово водство, производителот го обнови опсегот на модели и воспостави соработка со водечките меѓународни производители и ги забележа најдобрите финансиски резултати во историјата на компанијата.
Унапредувањето на гамата започна во 2010 година со лансирањето на новите Gazelle-Business поставата со дизел и бензински мотори, а во 2012 година започна претпроизводството на новата генерација на лесни комерцијални возила Gazelle-Next. Еден од клучните моменти во историјата на компанијата се одигра во 2010 година, кога GAZ одлучи да го испрати Volga Siber, нивниот последен патнички автомобил, во пензија, по што рускиот конгломерат се посвети исклучиво на комерцијални возила.
Денес, GAZ е водечки производител на комерцијални возила во Русија кој со своите производи ги снабдува Латинска Америка, Африка, Блискиот Исток, Европа и Азија. Рускиот прозиводител во своето портфолио има лесни и средни комерцијални возила, а над повеќе од 300 типови на специјални возила се изградени на нивната платформа. Возилата се дизајнирани за мал и средни бизниси, голем број индустрии, потреби, аграрни компании, медицински институции и училишта.
Компанијата во моментов е број еден според бројот на продажби во Русија. Доказ за тоа се и уделот на пазарот на комерцијални возила кој надминува 50 проценти, додека средните комерцијални возила се проценува дека имаат 70 проценти од пазарот.
За разлика од други производители, GAZ може да се пофали дека има и сопствен инженерски центар и над 20 високо технолошки производствени погони. Во процесот на производство се вклучени и 583 роботи кои работат на создавањето на возилата на GAZ во Нижни Новгород, каде што се наоѓа и седиштето на компанијата. Благодарение на ова, нивото на автоматизација во клучните полиња изнесува 85 проценти.