fbpx

R-Reforged го претстави својот Aston Martin Callum Vanquish

Јан Калум по две децении работа во Jaguar реши да тргне по свој пат и притоа одлучи да поправи некои од своите претходни креации

Една од тие креации е Aston Martin, односно првиот Vanquish. Имено, Јан Калум заедно со швајцарската компанија R-Reforged ја претставија продукциската верзија на нивниот прв заеднички проект, а тоа е Aston Martin Callum Vanquish 25 by R-Reforged.

Продукцискиот модел дебитира само девет месеци откако проектот беше најавен, а подготовката на автомобилите наменети за клиентите ќе започне во септември. Во споредба со концептот прикажан минатата година, Callum Vanquish 25 се карактеризира со ревидиран ентериер, поголеми опции на опременост и финална шасија и погонски склоп.

Aston Martin Callum Vanquish

Во споредба со оригиналниот автомобил, Aston Martin Vanquish, кој се произведуваше во периодот од 2001 до 2007, овој Callum Vanquish 25 се карактеризира со повеќе од 350 инженерски, материјални и дизајнерски промени. Тоа доведува до фактот дека Callum Vanquish 25 да биде многу по разновиден GT адекватен за секојдневна употреба.

Aston Martin Callum Vanquish

Голем број промени во однос на оригиналот

Јан Калум исто така направи и суптилни промени во дизајнот на Vanquish, вклучително и ревидиран преден браник кој содржи поголема долна решетка и странични отвори за воздух. Задниот браник е суптилно унапреден, како и предните и задните светла кои сега се LED. Купувачите можат да го добијат Callum Vanquish 25 во неограничен број на бои, осум уредувања на надворешноста и три уникатни сета на 20-инчни тркала како опција.

Во внатрешноста, богатата кожна опременост е обезбедена од Bridge of Weir компанијата, додека отстранливиот џебен часовник од Bremont доминира на централната конзола која сега вклучува и полирани темни хромирани детали, како и опција за детали од орево дрво наместо карбон. Автомобилот исто така пристигнува со Mulbery сет за багаж дизајниран да се вклопи во задниот дел од кабината.

Aston Martin Callum Vanquish

Моделот се напојува со унапреден 5,9-литарски V12 мотор кој испорачува 580 КС, 60 КС повеќе од регуларниот Vanquish. R-Reforged ќе биде изработен во само 25 примероци, а првите возила ќе влезат во производство во септември за клиентите во Европа и Латинска Америка.

Поврзани вести

Back to top button