Регулаторна делумно и минимално ги поскапува горивата
Регулаторната комисија за енергетика со својата најнова одлука ќе направи минимално поскапување на горивата во нашата земја
Според најновата одлука на Регулаторна комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја од ноќеска на полноќ поскапуваат за 0,21 процент во однос на одлуката која беше донесена минатата недела.
Сепак, процентот не значи ништо особено, бидејќи Еуросупер БС-98 и Еуродизел остануваат со непроменети цени, а единствено поскапување, и тоа минимално, ќе се забележи кај Еуросупер БС-95. Имено, БС-95 од ноќеска на полноќ ќе поскапи за половина денар.
Ова значи дека од 5 јануари, веднаш по полноќ, бензинот Еуросупер БС-95 ќе точи по цена од 61 денар, додека Еуросупер БС-98 останува 62,50 денари по литар, а Еуродизел ќе се продава по 53 денари по литар гориво.
Од Регулаторна истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување и тоа кај бензинот за 2,036%, а кај дизелот за 0,581%.