fbpx

Регулаторна донесе одлука за цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати во нашата држава

Според најновата одлука на Регулаторна комисија за енергетика, се врши намалување на малопродажние цени на нафтените деривати во просек за 0,28 проценти во однос на одлуката утврдена минатата недела. Сепак, ова не значи дека горивата ќе поевтинат, туку цената на бензинот и дизелот остануваат исти, а намалување има единствено кај Екстра лесното масло за домаќинство, кое се намалува за половина денар.

Ова значи дека цената на Еуросупер БС-95 останува 60,50 денари по литар гориво, додека Еуросупер БС-98 ќе се точи по цена од 62,50 денари по литар и во следните недела дена. Дизалот останува на 53 денари по наточено литар гориво.

Од Регулаторна истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи бележат зголемување и тоа кај бензинот за 0,386 %, а кај дизелот за 0,765%.

Поврзани вести

Back to top button