fbpx

Регулаторна ги одреди новите цени: Горивата поскапуваат!

Регулаторна комисија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 8,51% во однос на минатата недела

РКЕ ги објави новите цени за горивата во нашата држава по одлуката од вечерва на полноќ тие да поскапат. Во согласност со методологијата која Регулаторна комисија ја користи при пресметката на цената на горивата, како и трендовите кои ги наметнуваат светските берзи за тргување со нафта, цената на горивата во нашата земја од полноќ ќе се зголеми за 3,5 денари.

Според Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, РKE донесе одлука за поскапување на сите горива за идентична сума од 3,5 денари. Тоа значи дека цената за литар Еуросупер-БС95 ќе чини 54.00 денари, за Еуросупер-БС98 ќе изнесува 56.00 денари, додека литар Еуродизел ќе се точи за 45.50 денари.

„Минатата недела на светскиот пазар беше регистрирано зголемувањето на референтните цени на сите нафтените деривати, а дел од нив пораснаа приближно и за 50%. Пазарот реагира на намаленото производство како резултат на одлуката од последниот состанок на ОПЕК на кој се заклучи да се ограничи производството на сурова нафта со што практично се прави обид да се отпочне со урамнотежување на понудата и побарувачката на пазарот со сурова нафта. Иако пазарот реагира на намаленото производство, сеуште цените на нафтените деривати во овој момент се под нивото на цените на нафтените деривати кои ги имавме минатата година.“ изјави претседател на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Новите цени на горивата стапуваат на сила од вечерва на полноќ.

Поврзани вести

Back to top button