fbpx

Регулаторна продолжува да ги поскапува горивата

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата во нашата земја

Во согласност со својата методологија за утврдување на малопродажните цени, Регулаторната комисија донесе одлука за зголемување на цените на горивата во нашата земја за 2,54 проценти во однос на минатата недела.

Трендот на поскапување продолжува и понатаму, а новите цени стапуваат на сила од ноќеска на полноќ. Според најновата одлука на РКЕ, бензините поскапуваат за денар и половина, додека дизелот поскапува за два денари.

Конкретно, ова значи дека од ноќеска на полноќ за литар Еуросупер БС-95 ќе се плаќа 81 денар, Еуросупер БС-98 ќе се точи по цена од 83, а Еуродизелот ќе чини 73,50 денари по литар наточено гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 3,6 проценти, а кај дизелот за 4 проценти.

Поврзани вести

Back to top button