fbpx

Регулаторната комисија ја намалува цената на бензините

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата во нашата земја

Регулаторната комисија според својата методологија на утврдување на малопродажните цени на нафтените деривати, донесе одлука за намалување на цените на горивата во нашата земја. Одлуката стапува на сила од полноќ, а според истата, цените на бензините ќе поевтини, додека дизелот останува непроменет.

Имено, РКЕ одлучи да ги намали цените на горивата за 0.26 проценти во однос на минатата недела. Тоа значи дека Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат за половина денар помалку. Така, според новите цени, Еуросупер БС-95 ќе се точи за 59,50 денари по литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 61.50 денари.

Еуродизелот останува со непроменета цена во однос на претходно, па така тој и понатаму ќе се точи за 53 денари по литар гориво.

Регулаторната комисија се одлучи за минимално поевтинување на горивата и покрај тоа што во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар забележа зголемување, и тоа кај бензинот за 0,82%, додека кај дизелот за 2,47%. Истовремено, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,211 проценти.

Поврзани вести

Back to top button