Регулаторната комисија со ново поскапување на горивата
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата во нашата држава кои ќе стапат на сила од ноќеска на полноќ
РКЕ со својата најнова одлука ќе изврши зголемување на цените на нафтените деривати во нашата земја во однос на цените кои важеа изминатата недела. Во согласност со методологијата за пресметка на малопродажните цени на горивата на Регулаторната комисија, горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1,88 проценти.
Најдрастично поскапување ќе претрпи бензинот Еуросупер БС-95 кој според најновата одлука ќе поскапи за денар и половина, додека Еуросупер БС-98 и Еуродизелот поскапуваат за еден денар.
Ова значи дека од ноќеска на полноќ малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 70 денари, додека Еуродизел ќе се точи за 60 денари по литар гориво.
Од Регулаторна истакнуваат дека референтните цени на горивата на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 4,035%, а кај дизелот зголемување во просек за околу 3,187%.