fbpx

Renault со прва концептна продавница за електромобили во Европа

Лидерот во областа на електромобилите, Renault, најави дека компанијата ќе отвори своја прва концептна продавница за електрични возила на 16 февруари во Стокхолм, во Шведска

Позициониран во Täby Centrum, еден од најголемите трговски центри во Шведска, Renault Electric Vehicle Experience Center ќе им овозможи на корисниците да се запознаат одблиску со светот на електрични возила и предностите кои ги нудат тие. Тука клиентите ќе добијат одговори на прашања во врска со нивната експлоатација и како да се избере најприфатливиот предлог на францускиот бренд.

Renault

Концептната продавница на Renault ќе биде поделена на неколку зони, вклучувајки изложбена сала со експонати, информативна единица, во која ќе има податоци за локалната инфраструктура на станици за полнење, за законските одредби, за државните субвенции, услови за нарачка и други услуги. Во центарот ќе има и различна зона за дополнителна комуникација и релаксација, а ако клиентот има желба за тест возење, претставниците на марката ќе можат да одговорат веднаш.

Renault објавува дека компанијата очекува отворање на слични комерцијални локации во другите европски градови.

Поврзани вести

Back to top button