fbpx

Renault-Nissan со шест нови електрични модели до 2022 година

Алијансата Renault-Nissan, најголемиот производител на автомобили во светот во 2017 година, планира да продолжи интезивно со развојот на палетата од чисто електрични автомобили

Во моментов, групата Renault-Nissan продава неколку електрични возила и во Европа и во САД. Тоа се Renault ZOE, Twizzy и Kango ZE и Nissan LEAF, а се планира до 2022 година во светот да се појават дури шест нови модели кои ќе бидат напојувани исклучиво со електрична енергија. Четири од нив ќе бидат во опсегот на јапонската компанија, а другите две ќе бидат понудени од луксузната филијала на брендот- Infiniti.

Renault-Nissan

Досега го знаеме идентитетот на само еден од овие автомобили и се очекува тоа да биде електричен компактен кросовер базиран на LEAF. Nissan се очекува да понуди и електричен седан, како и мал урбан автомобил во рангот на Micra. Што се однесува до намерите на Infiniti, таму можеме да очекуваме појава на целосно електричен спортски премиум седан, инспириран од Q Inspiration, последниот атрактивен концепт на брендот претставен неодамна на салонот во Детроит.

Renault-Nissan

Поврзани вести

Back to top button