fbpx

Renault носи новo „засилувањe“ од Seat

Новиот извршен директор на Renault, Лука де Мео, прави голема реорганизација на компанијата и носи низа освежувања во францускиот бренд

Лука де Мео има за цел целосно да ја реструктуира француската компанија, а за таа цел му се потребни нови лица и лица од доверба. Токму затоа, во Renault пристигнуваат еминентни и познати имиња од други компании. Последен во низата е новиот директор за комуникации Кристијан Штајн. Интересно е што Штајн пристигнува на оваа функција од Seat од каде што пристигна и самиот Де Мео. Шефот на Renault веќе најави дека особено внимание ќе биде посветено на маркетингот и начинот на кој француската марка се претставува во јавноста.

Од Штајн се очекува да ги направи неопходните промени на маркетиншкото поле во Renault, а самиот Де Мео нагласи дека очекува значително подобрување во комуникацијата како меѓу самите брендови во групацијата, така и кон јавноста. Кристијан Штајн зад себе има богата кариера која започна во PSA групацијата, а последен ангажман пред Renault му беше во Seat.

Ова не е првиот раководител кој Лука де Мео си го поведе со себе од редовите на шпанскиот производител. Пред него во Renault пристигна и Алехандро Месонеро-Романос, кој беше шеф на дизајн во Seat, а тој, заедно со Жил Видал кој до неодамна беше шеф на дизајн во Peugeot, се очекува да придонесат за новиот идентитет на компанијата.

Де Мео очигледно има големи планови за Renault, а како што ќе се реализира и развива планот за реконструирање на автомобилскиот гигант, така можеме да очекуваме и нови „засилувања“ во тимот на француската марка.

Поврзани вести

Back to top button