Renault подготвува големи резови во својот револуциски план
Извршниот директор на Renault Лука де Мео е подготвен да го претстави „Renaulution“ планот на 14 јануари, кој најавува големи промени во компанијата
Според пишувањата на Automobilwoche, новиот план симболично наречен Renaulution, примарно е насочен кон кратење на трошоците на Renault. Деталите засега се ограничени, а кратењата ќе бидат достигнати преку голем број на мерки, вклучително и намалена производствена линија на Renault.
Се уште не е познато кои модели ќе бидат отфрлени, но во публикацијата се вели дека „Де Мео сака да го намали широкиот опсег на Renault на производи и сервиси за околу 30 проценти. Оние производи кои се продаваат побавно и послабо, логично, ќе бидат првите кои ќе бидат отфрлени. Ова значи дека Talisman би можел да биде прв меѓу „жртвите“ со оглед на тоа дека неговата продажба опадна за повеќе од 50 проценти и имаше само 16.405 продадени единици во Европа минатата година. Според некои претходни извештаи, моделите Espace и Scenic исто така би можеле да поживеат, но тоа би било многу кратко.
Покрај елиминирањето модели, планот исто така повикува и за избегнување на „технолошки полиња кои не можат да се користат веднаш“. Компанијата исто така ќе се задолжи да прифати пореална глоблна стратегија, а Де Мео потврдува дека нивната актуелна „географска експанзија не ги достигна очекуваните резултати“. Како дел од ова, плановите на Renault во Кина би можеле повеќе да се потпираат на локалните партнери во иднина.
Кога станува збор за партнерите, Renault е посветен на нивната алијанса со Nissan и Mitsubishi. Де Мео смета дека растурањето на алијансата ќе ги испрати сите три бренда „втората лига на автомобилски производители“ и истакна дека неколку „магични проекти“ се во изработка.
Останува нејасно кои се овие проекти, но електрификацијата се очекува да игра голема улога во иднината на Renault. Ова беше најавено со Megane eVision Concept, а официјалните лица на Alpine меѓу редови најавија високоперформансни електрични автомобили кои можат да бидат поставени на истата платформа која се користи за Nissan Ariya.