Renault Scenic добива мотор надграден по Nissan GT-R технологијата
Renault- Nissan и Daimler претставија заеднички разработен од двете компании бензински турбо мотор со работна зафатнина од 1.3 литри
Renault- Nissan и Daimler претставија заеднички разработен од двете компании бензински турбо мотор со работна зафатнина од 1.3 литри, во кој се користи технологија од супер автомобилот Nissan GT-R, а конкретно станува збор за поставеноста на ѕидовите на цилиндрите.
Користењето на оваа технологија го намалува внатрешното триење во цилиндрите и размената на топлина станува поефикасна. Новите решенија вклучуваат поголем притисок за вбризгување на горивото, како и нова комора за согорување и систем за дистрибуција со променлива фаза. Новиот мотор ќе биде достапен во три верзии на моќност: 115, 140 и 160 коњски сили, а во првата опција ќе работи заедно само со мануелен менувач.
Моторот ќе дебитира на последната генерација на моделите на Renault Scenic и Grand Scenic. Дилерите на брендот веќе ги прифаќаат нарачките за автомобили со овој мотор и првите единици ќе бидат доставени до потрошувачите во Европа во средината на јануари.