fbpx

Renault укинува дел од своите модели, MPV сегментот е најзагрозен

Францускиот производител Renault наводно размислува за укинување на низа модели, пред се оние од MPV сегментот, но и седанот Talisman

Renault наскоро ќе го претстави својот план за штедење. Според истиот, во следните три години би требало да заштеди две милијарди евра. Renault ја преиспитува економската оправданост на постоењето на одредени модели од својата гама. Затоа, во блиска иднина дел од возилата со подолга традиција би можеле да бидат укинати, пренесува Reuters.

Како еден од столбовите на оваа стратегија би требало да биде фокусирањето на SUV/Crossover сегментот. Овие модели би требало да бидат алтернатива за возилата кои ќе бидат укинати од понудата, пред сѐ поради големиот интерес. Според првичните информации, три модели сигурно нема да добијат своја нова генерација, а тоа се Espace, Scenic и Talisman. Листата на модели на кои им се предвидува крај не е конечна. Сепак, споменатите три имиња се први на удар и речиси сигурно нема да доживеат нова генерација.

Renault

И додека Talisman е релативно нов модел, кој пред неклолку години замени два автомобили од Renault – Laguna и Latitude – Scenic и Espace се етаблирани MPV возила без кои понудата на францускиот производител беше незамислива во изминатите три децении. Scenic датира од 1996 година, а во моментов е актуелна четвртата генерација на овој компактен MPV автомобил. Espace се произведува уште од 1984 година и досега на пазарот се пласирани пет генерации од овој миниван. Според некои претходни информации, слична судбина го очекува и компактниот Megane.

Renault е тешко погоден од здравствената криза. Поради што се очекува не баш најдобра година за францускиот производител, а помош се очекува да добие и од француската влада. Очигледно е дека Renault сака да го примени рецептот на француската PSA групација која пред шест години изведе драстично намалување на својата гама со цел да се фокусира на сегментите во кои може да биде далеку покомпетитивен.

Францускиот производител е глобален играч кој под своја закрила ги има брендовите Dacia, Renault Samsung, Lada и Alpine. Во согласност со тоа има голем број модели во понудата кои се движат меѓу 40 и 50 возила. Сето тоа со новите трендови и начини на работење стана луксуз кој е тешко да се оправда.

Се очекува вториот чекор на Renault со цел намалување на трошоците да биде подлабока синергија со членовите на алијансата Nissan и Mitsubishi.

Поврзани вести

Back to top button