fbpx

РКЕ ги намалува продажните цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука кога станува збор за малопродажните цени на горивата во нашата земја

РКЕ донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Согласно методологијата за утврдување на цените, од ноќеска на полноќ ќе имаме намалување на цените за 0,54 проценти во однос на минатата недела.

Според ова, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизелот, ќе се намалат за половина денар во однос на претходните цени.

Ова значи дека од ноќеска на полноќ моторниот бензин Еуросупер БС-95 ќе се продава по 71 денар, Еуросупер БС-98 ќе чини 73,50 денари по литар гориво, додека пак Еуродизелот ќе се точи за 62 денари по литар.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа кај бензинот за 2,1 проценти, а кај дизелот за 1,7 проценти.

Поврзани вести

Back to top button