fbpx

РКЕ ги утврди новите цени, дизелот поскапува, бензинот без промени

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на дизелот и бензините во нашата земја

Согласно методологијата за утврдување на цените на нафтените деривати кај нас, Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја зголеми цената за 0,40 проценти во однос на последната одлука која беше донесена минатата недела.

Конкретно, РКЕ реши да го поскапи дизелот, додека цената на бензините останува иста. Во конкретни бројки, ова значи зголемување на цената на дизелот за 1,50 денари за литар во однос на претходно, додека малопродажните цени на бензините не се менуваат.

Со ова, цената на Еуродизелот се израмнува со цената на Еуросупер БС-95. Тоа значи дека од ноќеска на полноќ Еуродизел ќе се точи по цена од 95,50 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 98 денари за литар гориво, а Еуросупер БС-95 ќе биде 95,50 денари за секој литар наточено гориво..

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 0,34 проценти, додека кај дизелот има зголемување за 1,33 проценти.

Поврзани вести

Back to top button