fbpx

РКЕ предновогодишно го поевтини дизелот, а ги поскапе бензините

Регулаторната комисија за енергетика ги одреди најновите малопродажни цени за дизелот и бензините во нашата земја

За последната недела од оваа година, Регулаторната комисија за енергетика ги одреди најновите цени. Во согласност со методологијата за утврдување на цените, според најновата одлука на РКЕ се врши намалување на цените во просек за 0,14 проценти во споредба со претходната недела.

Со други зборови, ова значи дека малопродажната цена на Еуродизел се намалува за половина денар, додека цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за 0,50 денари по литар.

Според ова, од ноќеска на полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 73,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 75,50 денари, а Еуродизелот ќе се точи за цена од 64 денари по литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,24 проценти, а кај дизелот за 0,08 проценти.

Поврзани вести

Back to top button