fbpx

РКЕ со нова пресметка, горивата повторно поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за ново поскапување на горивата во нашата држава

Според најновата одлука на РКЕ, горивата ќе поскапат од вечерва на полноќ за 3,56 проценти во однос на цените од минатата недела. Имено, цената на Еуросупер БС-95 ќе се зголеми за половина денар, цената на Еуросупер БС-98 се зголемува за 1,00 денар по литар гориво. Цената на Еуродизел ќе се зголеми за денар и половина.

Тоа значи дека литар гориво Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се точи за 54,50 денари по литар. Еуросупер БС-98 ќе чини 57 денари за литар, додека Еуродизел ќе се продава по 47 денари за литар гориво.

Од РКЕ соопштуваат дека минатата недела продолжи трендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи. Бензините поскапеа во просек за околу 5,64 отсто, а кај дизелот зголемувањето беше во просек за околу 10,84 отсто.

Поврзани вести

Back to top button