fbpx

РКЕ со нови цени, бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

РКЕ ги одреди новите цени на горивата во нашата земја, а според најновата одлука, бензините ќе поскапат, додека цената на дизелот ќе се намали

Регулаторната комисија за енергетика на Македонија ја донесе својата најнова одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од минатата недела.

Во согласност со својата методологија за утврдување на цените, РКЕ одлучи да ја намали малопродажната цена на Еуродизелот за еден денар, додека цените на бензините Еуросупер БС-98 и Еуросупер БС-95 поскапуваат за половина денар.

Со други зборови ова значи дека од ноќеска на полноќ цената за литер Еуросупер БС-95 ќе изнесува 95 денари за литар, еден литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 97 денари, додека за литар Еуродизел ќе треба да платиме 85 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 0,7 проценти, а кај дизелот намалување за 2,7 проценти.

Поврзани вести

Back to top button