РКЕ со нови измени за цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за промена на малопродажната цена на нафтените деривати во нашата земја
Според најновата одлука на РКЕ, малопродажните цени на горивата во нашата земја од вечерва на полноќ ќе забележат зголемување во просек за 0,15 проценти во однос на цените утврдени минатата недела.
Конкретно, станува збор за различна промена на цените, односно Еуросупер БС-95 ќе доживее намалување, додека пак цената на Еуродизел ќе се зголеми. Имено, според најновата одлука, Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95, се намалува за половина денар по литар. Од друга страна, цената на Еуросупер БС-98 не се менува, додека Еуродизел поскапува за половина денар.
Според тоа, бензинот Еуросупер БС-95 ќе се точи по цена од 59,50 денари по литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 61,50 денари по литар гориво. Еуродизел ќе се продава по цена од 51,50 денари по литар наточено гориво.
Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,138%, а кај дизелот зголемување во просек за околу 1,448%.